Скопско финале во Купот на Македонија

Прволигашите од Скопје, Работнички и Металург, обезбедија пласман во финалниот натпревар од Купот на Македонија.

Најмалку посакуваниот пенал-рулет се покажа како кобен за фудбалерите на Брегалница кои успеаа во регуларните 90 минути да ја анулираат предноста на Работнички од два гола, но гостинот имаќе повеќе среќа при ударите од белата точка.
Реванш дуелот помеѓу Металург и Тетекс заврши со минимален триумф на “зелените” од Автокоманда, а единствениот погодок на натпреварот, постигнат во 80 минута беше дело на Марко Симоновски.

Резултати: Металург – Тетекс 1:0 (вкупно 1:0), Брегалница – Работнички 2:0 (вкупно 2:2, 4:5 на пенали).