Скотланд Јард смета дека терористите дејствувале сами, 12 уапсени

Лондонската полиција е наклонета да верува дека извршителите на терористичкиот напад од саботата ноќта дејствувале самостојно, но продолжува со истрагата на осомничените и притоа се уапсени 12 лица, изјави во неделата челниеркот на антитеристичкиот оддел на Скотланд Јард, Марк Роули.

„Повеќе сме наклонети да веруваме дека трите лица дејствувале самостојно, но ние истражуваме дали имало и други вклучени во организацијата и дали зад нив стои некоја терористичка мрежа“, рекол Роули.

Истакна дека истрагата засега нема значителен напредок во идентификувањето на терористите.

Претходно беше објавено дека лондонската полиција уапсила дванаесет лица во рамките на истрагата за нападот во центарот на Лондон кога беа убиени седум луѓе и 48 беа ранети.

„Офицерите антитерористичкиот оддел на Метрополитен полицијата утрово приведоа 12 лица во областа Баркинг во источен Лондон во врска со синоќешниот инцидент во близина на Лондонскиот мост и Боро Маркет. Претресите на низа адреси во Баркинг продолжуваат“, соопшти полицијата.

Според агенцијатира Reuters, четири жени во никаб биле уапсени, и одвезени со полициски комбиња. Според телевизијата Sky News, извршила неколку контролирани експлозии за да влезат во домовите на осомничените.

Во еден од нив живеел еден од директните изршители на нападот, кој работел во компанијата „Transport for London“, кој оперира со јавниот транспорт во британската престолнина.

Во меѓувреме британските телевизии покажуваат одделни кадри од специјалната операција во Баркинг. На нив особено е забележливо апсењето на жена, облечена според најстрогите муслимански обичаи.