Скрипал пуштен од болница

Поранешниот двоен руски агент Сергеј Скрипал е пуштен од болница, два месеци откако беше отруен со нервен агенс. Сркиапл и неговата ќерка Јулија беа пронајдени во без свесна состојба во англискиот град Солсбери на 4 март и неколку недели беа во критична состојба.

Јулија се опорави многу побрзо од татко ѝ и беше отпуштена од болница минатиот месец. Болницата во Солсбери соопшти дека двајцата пациенти се отпуштени. Тие се пренесени на тајна локација од безбедносни причини.

Велика Британија соопшти претходно дека тие биле отруени со нервен агенс „Новичок“ произведен во Русија и тврдеа дека Москва стои зад тоа дело, но Русија истото го негира. Овој настан доведе до влошување на односите меѓу Русија и Запад.