СКСЗМ ја презентираше својата платформа пред делегација на ВМРО-ДПМНЕ

Стопанската комора на северозападна Македонија денеска пред делегација на ВМРО-ДПМНЕ ја претстави својата платформа, преку која, како што целат од Комората, би можело да се овозможи поповолен економски развој.

На средбата, што се одржала во просториите на Комората, било разговарано и за размена на повеќе идеи за соработка со цел постигнување благосостојбата која ќе влијае на создавањето на заеднички успеси.ж

„Исто така,се дискутираше и за неодамнешните економски случувања во земјата, што во најголем дел тангиран е бизнис-секторот. Секогаш треба да се видат бројните можности преку кои ќе има бенефиции за сите страни“, се вели во соопштението од Комората.

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ била предводена од претседателот на партијата Христијан Мицкоски, а делегацијата на Стопанската комора на северозападна Македонија од претседателот Неби Хоџа.

СКСЗМ, посочуваат оттаму, секогаш е отворена за соработка со сите субјекти и институции, со цел подобрување на економијата во земјата, што може да се постигне само преку разговор и организирање на последователни средби што ќе придонесат за создавање на поповолни услови.