Слаб одзив на публиката за натпреварот со Ерменија

Натпреварот меѓу Македонија и Ерменија започнува во 18 часот, а информациите велат дека се продадените само околу 3.000 билети, информира „ГолМК“. Нашиот национален тим го очекува најважниот домашен натпревар во Лигата на нациите, па истиот беше одлучено да се игра во Скопје, на „Филип Втори“ Арената.

Во оптек се пуштени две трибини – Северната и Јужната, а билетите се 100 и 150 денари, но ниту промотивните цени, ниту добрите резултати и серијата без пораз, ниту најсилниот ривал во групата во Лига нации и потребната поддршка, не го натераа народот да купи билети пред време и да дојде да ги поддржи фудбалерите.

Влезници можат да се купат преку продажната мрежа на „МкТикетс“, на штандот во „Скопје Сити Мол“, како и на благајната на Националната арена „Филип Втори“ на денот на натпреварот од 12:00 часот до почетокот на натпреварот.