
Сообраќајот на сите патишта во земјата се одвива тековно на места по влажни коловози.
Врнежи од ситен снег се бележат на Попова Шапка, Стража и Маврово, но не преставуваат проблем за одвивање на сообраќајот.
Намалена видливост поради магла е забележана на планинскиот превој Стража, каде што видливоста е од 50 до 70 метри.
Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – Стража, Демир Капија – Удово и Катланово-Велес.
Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се на терен и редовно ги одржуваат проодни сите патни правци.