Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно, претежно по влажни коловози. Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Гостивар – Стража, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес, информираат од Диспечерскиот центар на Јавното претпријатие „Македонијапат“.
Снежни врнежи со слаб интензитет има на Попова Шапка и Стража но не претставуваат никаков проблем за одвивање на сообраќајот.
Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ се на терен и редовно ги оддржуваат проодни сите патни правци.