Слаба германска економија и на почетокот од 2024-та очекува централната банка

Германската економија ќе биде слаба и во првото тримесечје годинава а во најдобар случај ќе стагнира, прогнозира централната банка Bundesbank.

Германската економија речиси стагнираше во 2023 година, пресметаа статистичарите во јануари. Во четвртиот квартал активностите се смалиле за 0,3 отсто во однос на претходните три месеца кога стагниврале.

„Севкупно, германската економска активност во најдобар случај би можела да стагнира во првиот годинешен квартал“, објави германската централна банка во својот месечен извештај за јануари.

„Економијата во целост моментално е малку послаба откко што се очекуваше во декемвриската проекција. Знаците дека странската побараувачка на индустриските производи веќе ја допреа најниската точка, не се потврдени“, се додава во извештајот.

Во прогнозата објавена во средината на декеври, Bundesbank предвидуваше дека по падот во 2023 година, економијата во 2024 година ќе оствари раст од 0,4 отсто. Во 2025-та активнистите би требало да забрзаат на 1,2 отсто и да се задржат близу тоа ниво во 2026 година.

Меѓу главните причини за падот на активноситте во четвртиот квартал од 2023-та, централната банка го наведува натамошниот пад на странските нарачки во индустријата.

Поголемите трошоци за финансирањето истовремено ги придушиле вложувањата, особвено во градењето станови, напомнуваат од Bundesbank.

Неизвесноста во оцените за идната насока на фискалната и климатската политика веројатно претставувала тег на економската активност.

Потрошувачките цени во декември пораснале за 3,7 отсто во однос на истиот месец од претходната година, по растот од 3,2 проценти во ноември.

Граѓаните и натаму се претпазливи и тешко дека ги зголемиле трошењата. Сепак, тие можат да се надеваат на некакво олеснување, бидејќи Bundesbank прогнозира дека стапката на инфлацијата најверојатно наскоро „повторно значително ќе паднат“, покажува извештајот.

Во декември растот на потрошувачките цени во најголемата европска економија забрзал на 3,7 отсто на годишна основа, од 3,2 отсто во ноември, покажуваат официјалните статистички податоци.