Слабee поддршката за отповикувањето на Трамп

Поддршката за отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп ослабела оваа седмица, според истражувањето на јавното мислење на Reuters/Ipsos, додека Белата куќа се подготвува на долга борба против обвинувањата од Демократската партија дека администрацијата вршела притисок врз украинската влада да ги истражува активностите во земјата на поранешниот демократски потпретседател Џо Бајден кој е најверојатен противкандидат на Трамп на претседателските избори во 2020 година.

Истражувањето е спроведено на 14-ти и 15-ти октомври и е објавено во вторникот, а покажува дека 43 отсто од возрасните избирачи во САД мислат дека Трамп „треба да биде отповикан“, што е 2 процентни бода помалку од сличното истражување од минатата седмица. И 42 отсто одговориле дека претседателот „не треба да биде отповикан“, а 14 отсто рекле дека не се сигурни.

Американците покажале посилен интерес минатиот месец за санкционирање на претседателот, и неговото можно отстранување од должноста, преку отповикување во Конгресот откако „свиркач“ од разузнавањето пријави дека Трамп можеби ги злоупотребил своите овластувања за да ги зголеми своите шанси на претстојните претседателски избори.

„Свиркачот“ извести дека изгледало дека Трамп врши притисок врз украинскиот претседател Владимир Зеленски во телефонски разговор од 25-ти јули годинава да ги истражи наводите дека поранешниот потпретседател Џо Бајден спречил истрага за корупција во компанија во која на челна позиција бил неговиот син Хантер Бајден. Трамп негираше дека сторил нешто погрешно, а Зеленски отфрли дека е врз него е вршен притисок.

Повеќето испитаница, 60 отсто смета дека „Конгресот би требало да се концентрира на решавањето на важните проекти со кои се соочени Американците, а не да се насочува на истрага на претседателот Трамп“, додека 57 отсто сметаат дека Конгресот треба да истражи дали Трамп сторил прекршок во телефонскиот разговор со Зеленски поради што би можело да биде отповикан.

Анкетата на Reuters/Ipsos е спроведена интернетски, на англиски јазик ширум САД, Вклучува одговори 1.115 и има маргина на веродостојноста, мерка за прецизност на анкетата, од плус/минус од околу 3 процентни бодови.