Слабее влијанието на ЕУ во светот, предупредува Јункер

Претседателот на Европската комисија на заминување, Жан-Клод Јункер, порача во вторникот во Европскиот парламент дека е потребно да се преиспита улогата на Европската унија во светот, бидејќи има „сѐ помалку и помалку влијание“ во глобалниот натпревар.

„Сакаме Европа да биде водечка. Но имаме сѐ помалку и помалку влијание во светот“, предупреди Јункер во текот на дебатата за ревизија за работењето на неговата Европска комисија.

Јункер рече и дека во петгодишниот мандат акцент ставил на економскиот раст, работните места и вложувањата. Како најголеми успеси на ЕК предводена од него го истакната ткн „Јункеров план“ и извлекувањето на Грција од работ на банкротот.

„Сите мислеа дека планот на Јункер ќе пропадне и дека ќе остане само на хартија, а сега прерасна во стратешки инвестициски план“, истакна.

Потсети дека многу држави не сакале ЕК да се меша во грчкиот проблем, но Комисијата тоа може да го прави доколку станува збор за „заедничкиот интерес на Европската унија“.

Јункер рече дека токму за тоа станувало збор и дека ја „спречивме пропаста на еврозоната“. Додаде дека без претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, „не би погостигнал сето она што го постигнав“.

„Бевме како близнаци, браќа, но и меѓу браќата постојат несогласувања. Сакам да му се заблагодарам за безусловната поддршка, тој е мој пријател“, рече Јункер обраќајќи му се на Туск.

Ѝ даде „целосна поддршка“ на новоизбраната претседателка на ЕК, Урсула фон дер Лејен, и рече оти смета дека таа е „вистинскиот избор“. Јункер од новата Комисија очекува формирање на банкарската унија, но и нови односи со Африка.

„Доколку целосно не ја имплементираме банкарската унија, нема да имаме монетарна унија. Без тоа нема да можеме да одговориме на внатрепшните и надворепните шокови… На Африка ѝ е потребна нашата солидарност, но не нужни нашата хуманитарна помош. Сакаме да инвестираме во Африка, да создаваме работни места, не смеем да ги гледаме само како бегалци“, порача Јункер.

Досегашниот челник на Европската комисија потсети и, како што рече, на најголемиот усепх на Унијата.

„Најголемиот европски успех е мирот и одржувањето на мирот. Додека зборувам овде, во светот се водат околу 60 војни, а ниедна на европска територија“, рече Јункер.

„Горд сум што бев мал дека од нешто многу поголемо и поважно од сите нас. Треба да продолжите да се борите за Европа и против глупавиот национализам. Да живее Европа!“, го заглучи Јункер своето обраќање пред пратениците на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур.