Сламков: Високиот степен на системска корупција е катализирано од највисоките структури на власта

Суштината на борбата против корупцијата е дека таа бара слаби институции, не постојни контролни механизми, а најсилна алатка да се справиме е транспарентноста, отвореноста, објавување на податоци јавноста да знае”, истакна поранешниот претседател на ДКСК, Ѓорги Сламков на денешната трибина организирана од ВМРО-ДПМНЕ во Гевгелија насловена „Борба против корупцијата и криминалот”.

Посочи дека живееме во едно општество кое е со многу висок степен на системска корупција во сите пори на општеството, а особено тоа е катализирано од највисоките структури на власта.

„Во 2020-та година стигнавме на 111-то место, тоа е веќе екстремна корупција, минатата година стигнавме на 85-то место што значи дека повторно имаме многу големи проблеми со корупцијата. Извештајот на ЕК за 2022-ра година вели дека во Македонија корупцијата е широко распространета и дека создава сериозна загриженост”, рече Сламков.

Потенцираше дека кога тој бил претседател на ДКСК во 2013/2014-та година тогаш како држава се наоѓавме на 64-67 место со 45 индексни поени, а пред нас единствено беа Хрватска и Словенија од регионот а сите земји од регионот па и дури членки на Европската Унија беа зад нас.

„Работите се целосно излезени од контрола и затоа кај луѓето е изгубена надежта. Тие не гледаат надеж и перспектива овде и затоа бегаат од државата”, заклучи Сламков.