За Денот на вљубените се продаваат рекорден број на чоколади, накит, мечиња и секако најголем број на рози, но овој ден држи уште еден рекорд, на овој ден најмногу луѓе се одлучуваат да го постават судбоносното прашање „Дали ќе се омажиш за мене?“.
Љубовна статистика:
Во светот минатата година Свети Валентин се продадени 200 милиони рози, секако најпопуларни се црвените чија цена двојно се зголемува на овој ден.
Само во Америка, од каде и потекнува овој празник, на овој ден се подаруваат околу 140 милиони честитки со љубовни пораки.
Околу 76 отсто од мажите на Денот на вљубените купуваат цвеќе а околу 15 отсто од жените сами на себе си купуваат цвеќе.
Околу три осто од сопствениците на миленичиња и на нив им купуваат подароци на 14 февруари.
Покрај цвеќе, 47 отсто од луѓето подаруваат слатки и чоколади, 35 отсто вечера во ресторан, 17 накит, а 14 отсто облека. Од цвеќињата најчесто се купуваат рози, па лилјани, и на крај лале.
Во Америка, во 2004-тата година во првите две недели од февруари е продаден накиот во вредност од 2,6 милијарди долари.
Доказ за љубов:
Денот на вљубените е најпопуларниот ден за запросување. Според статистиката, на овој ден од четири до шест милиони луѓе клекнуваат на колено со прстен в рака.
Околу 20 отсто од жените сметаат дека овој е најромантичен ден за веридба.
Околу 53 отсто од жените би ја прекинале врската доколку не добијат подарок за Свети Валентин.
Повеќе од 80 отсто од мажите подарок за саканата купуваат во последниот момент, само колку да не ја разочараат.
Денот на вљубените низ историјата:
Католичката црква има неколку празници посветени на Светецот Валентин, кој бил свештеник кој тајно ги венчавал војниците со нивните сакани во времето кога Рим забрани свадби за војниците подолго да бидат на военото поле.
Црквата 14 февруари го прогласи за ден на Свети Валентин со цел да го покрсти паганскиот празник Луперкалија, посветен на богот на плодноста Фанус.
Како ден посветен само на љубовта, Свети Валентин во некои дело од светот се слави од средниот век, но во Македонија стана популарен во почетоот на 21 век.
Првата честитка за Денот на вљубените наводно ја има напишано францускиот војвода Карло Орлеански на својата сопруга додека бил во британско заробеништво во 15 век.
Затоа овој ден, ден на љубовта, според католиците, и ден на виното, според православните и уживајте со саканата и чаша одлично вино.