40 бегалци избегале од Транзитниот центар во Табановце

40 мигранти избегале од Транзитниот центар во Табановце
40 мигранти избегале од Транзитниот центар во Табановце

Од транзитниот центар во Табановце вчера избегале 40 бегалци, објавија некои медиуми, наведувајќи дека информацијата е потврдена и од Регионалниот центар за управување со кризи.

Бегалците кои биле од Авганистан и од Ирак, ја искористиле приликата кога немало струја во кампот и се упатиле во непознат правец.

Кај Табановце веќе неколку дена се заглавени околу 1.500 мигранти и бегалци по одлуката на Словенија, а потоа и на Хрватска и Србија да не примаат бегалци без валидни визи и пасоши.

Македонија од своја страна, како што претходно изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски, сите мерки ќе ги усогласува со ЕУ и реципрочно ќе ги применува на својата јужна и северна граница.