„Слава Украини“ се скандираше во американскиот Сенат, Бајден на Зеленски му порача: Не ве оставаме сами (ВИДЕО)

САД и Украина ќе „стојат заедно“ и во 2023 година. САД ќе го испорачаат противвоздушниот систем Патриот на Киев и „ќе продолжат да ја зајакнуваат способноста на Украина да се брани – особено од руските воздушни напади, му порача американскиот претседател Џо Бајден на својот колега од Украина Володимир Зеленски кој за прв пат по 300 дена војна во неговата земја ги напушти границите и дојде во својата прва посета на Белата Куќа..

Зеленски имаше моќен говор во сенатот на САД, каде присутните скандираа „Слава Украини“.