„Мерката за повраток на ДДВ кај граѓаните ќе ја има истата судбина како и онаа мерка што ја гледавме и пред неколку години кога илјадници фискални сметки се извлекуваат во базени полни со коверти со фискални сметки, една популистичка мерка која што мислам дека не вроди своевремено со плод“, анализираше професорот и поранешен министер за финансии Трајко Славески, вчера вечер во 24 анализа на 24 телевизија.
-Сакам да укажам, а тоа и ќе се случи, дека оние пресметки што ги има Владата, наводно дека 50 милиони евра ќе биле вратени кај граѓаните, ни оддалеку нема да се случат, затоа што за некои купувачи со помали сметки тоа не се исплатува, а може и да има инфлаторен ефект односно пораст на цените, рече Славески.
За себепоставувањето на премиерот Заев за министер за финансии, Славески потенцираше дека функцијата министер за финансии е контролна функција, односно од таму треба да доаѓа контролата за отварање на нови работни места во државната администрација.
-Јас очекувам дека сега, од наесен, ќе видиме нови вработувања без предупредување до премиерот. Сепак мислам дека се подготвува нешто поголемо од ова, рече Трајко Славески.