Ова го изјави универзитетскиот професор и поранешен министер за финансии Трајко Славевски во гостувањето во Вестите на Телевизија Алфа.
-Мислам дека ќе бидат погодени лицата кои што располагаат со повисок степен на образование, вештини и пазарот на труд ги вреднува повеќе, истакна Славевски.
Според него, ова би значело дека на компаниите, менаџерите и инженерите би им се зголемиле трошоците.