Славески за Нова алтернатива: Зомби партија

„Зомби партија, или алтернативно, Забава на зомбите“ – вака професорот по економија Трајко Славески и претседател на советот на Град Скопје ја опиша денешната конвенција на Нова алтернатива на која градоначалничката на Скопје Данела Арсовска беше промовирана во нов претседател на некогашната партијата на Ѓорѓи Оровчанец.

Во објава на својот профил на платформата „Х“ Трајко Славески, заедно со неколку фотографии од денешната конвенција на Нова алтернатива во „Континентал“, објавува и дефиниција од Википедија и Енциклопедија Британика за тоа што значи поимот „зомби“:

„Зомбите се оживеани мртовци. Можат да одат, да мислат (понекогаш) и да напаѓаат живи луѓе. Повеќето од нив ги јадат мозоците на живи човечки суштества. Кај зомбите срцето, плуќата и мал дел од нивниот мозок сè уште функционираат.“