Недоречени и конфузни се мерките коишто Владата предводена од СДСМ ги донесе во врска со кризата што ја предизвикува епидемијата на коронавирусот, оцени поранешнот минситер за финансии Трајко Славевски член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во средата во емисијата на Телевизија 24
Зборувајќи за мерките Славевски посочи дека јавноста, особено деловниот сектор , како и обичните граѓани не добиваат јасна слика како тие ќе се спроведуваат и што всушност ќе донеста.
„Недоречени се затоa што за разлика од некои други земји ние следиме какви мерки се презeмаат и на кој начин се комуницира со загрижената јавност насекаде. Кај нас во моментот имаме впечаток дека ниту еден граѓанин, ниту еден вработен или невработен, ниту една компанија не знае каде се наоѓа односно каде ќе се најде со она што беше предложено како таканаречен втор сет мерки и затоа се недоречени“, појасни поранешниот министер за финанси.
Славевски во своеото гостување, исто така, посочи дека техничкиот премиер Оливер Спасовски во своето вчерашно обраќање на прашања на новинарот упатуваше на тоа дека треба да се почека на уредбите и тогаш работите ќе станат јасни.
Според Славевски , ова не е вистински пристап, бидејќи уште вчера ако владата излегуваше со мерки и требаше секој точно да знае што на кого, на кој период се однесува.