Славната глумица ја откри мрачна тајна: Бев тинејџерка, не знаев како да го задржам бебето (ФОТО)

Познатата глумица Ума Турман реши да проговори за „најтешката одлука во нејзиниот живот“. Турман имала таен абортус кога била тинејџерка, а забременила со постар маж додека глумела во Европа, пишува Нет. Новиот закон во Америка со кој ќе бидат забранети абортусите по шестата недела од бременоста ја предизвика Турман да „распали“ по властите во колумна во „Вашингтон Пост“.

„Имав 15 години кога започнав да глумам во работна средина во која бев единственото дете во собата. Во доцните тинејџерски години, случајно забременив со многу постар човек. Живеев патувајќи од град во град, далеку од моето семејство. Само што го имав започнато мојот бизнис. Се обидував да сфатам што да правам. Сакав да го задржам бебето, но како? “, напиша Ума Турман во колумната и проба да ги вразуми луѓето во врска со знаењето на абортусот.

Абортусот по шестата недела бременост ќе биде забранет во САД дури и во случаи на инцест или силување. Ума имала среќа кога била тинејџерка, а одлуката за абортусот ја донела заедно со своите родители.

„Јас имам 51 година. Ова беше една од помрачните тајни што ја чував во себе долго време“, рекла актерката.