Славната пејачка Глорија Естефан за првпат јавно проговори за злоупотребата во текот на емисијата „Црвениот часовник“ којашто се емитуваше на Фејсбук во четвртокот.
Глорија рекла дека „дури 93 осто од злоставуваните деца знаат и им веруваат на своите злоставувачи“.
– А, јас тоа го знам бидејќи и јас бев една од нив – рекла пејачката.
Таа открила дека била сексуално злоупотребувана кога имала само девет години. Мажот којшто ја злоупотребувал го опишала како „почитуван член на заедницата“ на кого нејзиното семејство му верувало.
„Тој беше семејство, но не и блиско семејство. Беше на моќна позиција и мајка ми ме запиша во неговото музичко училиште и тој веднаш почна да ми зборува колку сум талентирана и дека мене треба да ми се обрне посебно внимание – рекла Глорија.
„Кога сфатив што се случува и се заканив дека сѐ ќе кажам, тој ми рече дека не можам да сторам ништо бидејќи татко ми е во Виетнам, а мајка ми ќе ја убијат ако му кажам на некого“, додала пејачката.
„Полицијата подоцна ѝ кажа на мајка ми дека е подобро да не поднесуваме тужба поради траумата којашто тоа би можело да ми ја нанесе“, додала таа.