
Родена како Фрида Џозефина Мекдоналд, Жозефина Бејкер, славната црна француско-амрканска пејачка, танчарка и актерка, ќе биде погребана во парискиот мавзолеј Пантеон, што претставува една од најголемите француски почести, соопшти минситерката Ањес Пание-Рунаше.
„Таа прекрасна дама која ја сакаше Франција ќе влезе во Пантеон. Благодарност на (францускиот претседател) Емануел Макрон на ова признание“, напиша минситерката на Twitter потврдивајќи ги медиумските написи.
Бејкер е родена во јуни 1906 година во Сент Луси во американската сојузна држава Мисури, а славата ја стекнала во текот на 1920-те години кога доаѓа во Париз, кога мнои Афроамериканци останале во француската престолнина по Првата светска војна и со себе ја донеле американската џез-култура.
Бејкер учествувала и во француското движење на отпорот во Втората светска војна. Почина во 1975 годин, и е погебана во Монако.
Нејзините останки ќе бидат преместени на париски Пантеон на 30-ти ноември, каде Бејекер ќе биде покрај другите француски национални икони бво мавзолејот, како што се писателиет Емил Зола и Виктор Иго, фолозофот Волтер (Франсоа Мари Аруе) и политичарката Симон Веил.