Славниот E.T. оди на аукција, проценет на три милиона долари

Филмскиот класик „E.T. the Extra-Terrestrial“ на Стивен Спилберг од 1982 година е приказна за обидот на симпатичен вонземјанин да се врати дома, а сега поклониците на овој филм ќе добијат шанса оригиналниот механички модел да го сместат во својот дом, доколку имаат вишок од три милиона долари.

Оригиналниот механички модел ќе биде понуден на наддавањето под наслов „Icons and Idols: Hollywood“, коешто го организираат аукциските куќи Julien’s Auctions и Turner Classic Movies (TCM), а се совпаѓа со четириестгодишнината од снимањето на филмот.

Моделот има 85 механички зглобови и на него речиси сѐ се движи, од очите и вратот и секако оној долг шилест прст со кој својот нов пријател Елиот го извести дека сака да „телефонира дома“. Со него управувале 12 професионални аниматори.

Се смета за инженерско ремек-дело, а изворно го создаде италијанскиот дизајнер за специјални ефекти Карло Римбалди. Се проценува дека на аукцијата ќе постигна цена од околу три милиона долари.

„Екипа куклари помогна вонземјанинот да оживее и да комуницира со своите малите пријатели Елиот (Хенри Томас) и неговата помлада сестра Герти (Дру Баримур), потсетува Мартин Нолан, директор во Julien’s Auctions.

„Филмските творци работеа деноноќно за да го создадат она што го гледате… бидејќи не станува збор за создавање на визуелното. Дру, која тогаш беше мало девојченце, веруваше дека тој е навистина жив“, додава Нолан.

Филмот „ET the Extra-Terrestrial“ беше номиниран за девет Оскари а освои четири, меѓу кои и оној за најдобри визуелни ефекти, кој му беше доделен на Рамбалди и неговиот тим.

А доколку три милион долари ви се премногу, можете да наддавате за еден од велосипедите со коишто Елиот и неговите пријатели се обидуваа да им побегнат на полицијата. Се очекува дека специјални дизајнираниот BMX велосипедот, со кој во филмот леташе преку залезот на Сонцето, ќе постигне цена до 50.000 долари.

На аукцијата ќе бидат понудени и други предмети од филмот, како на пример оригиналната макета на Е.Т. кои се направен за Спилберг да ја одобри изработката на механичкиот модел. Нејзината вредност се проценува меѓу 80.000 и 100.000 долари, а вредноста на бројните оригинални илустрација и нацрти се проценуваат на меѓу 10.000 и 20.000 долари за примерок.

Но доколку заинтересираните не ги интересира возење со велосипед а ги привлекува јурење низ воздухот, за околу 100.000 долари може да лицитираат за „Nimbus 2000 Hero Broom“, волшебната метла за метлобојот од филмовите за Хари Потер.

На аукцијата се нудат и други филмски сувенири, меѓу кои светлосните мечеви од франшизата „Star Wars“, стапот со кој Чарлстон Хетон го раздвои Црвеното Море во филмот „Десетте заповеди“ и боксерските ракавици на Роберт Де Ниро од „Разјарениот бик“.

Сите споменати предмети ќе бидат понудени на наддавањето коешто ќе се одржи викендов 17-ти и 18-ти декември на Беверли Хилс.