Следната седмица температура до 35 степени

Утре не очекува сончево време со мала до умерена облачност. Температурата ќе достигне 31 степен.

Следните денови времето ќе биде сончево и топло. Во вторник и четврток попладне ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Значително топло ќе биде кон средината на следната седмица, особено во среда, кога се очекува температурата да се движи од 28 до 35 степени.