
Судскиот совет на Хашкиот трибунал во случајот против Радован Караџиќ објави дека ќе ја изрече пресудата на 24- ти март, пренесува РТС.
Во одлуката на судскиот совет, што ја потпиша судијата О – Гон Квон се наведува дека пресудата ќе биде соопштена во 14 часот.
Во завршните зборови, во октомври 2014-тата обвинителството побара Караџиќ да биде прогласен за виновен по сите точки од обвинението и казнет со доживотен затвор, додека Караџиќ кој се бранеше сам, побара да биде ослободен од вина.
Караџиќ беше уапсен во јули 2008-мата година по повеќегодишно криење под лажен идентитет, а недела дена подоцна беше испорачан на Хашкиот трибунал.
Според обвинението, тој се товари за геноцид, ликвидации, казнувања, депортација, нехумани акти и други злосторства кон несрпското население во БиХ, за време на војната во таа земја.