Следните денови облачно со дожд – сончево и потопло во петок

Под влијание на циклонска активност утре и в четврток ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер, ќе бидат проследени со грмежи и засилување на ветерот, а ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Дневната температура ќе се намали.

Како што информира УХМР, в петок и в сабота ќе биде посончево и потопло, во попладневните часови со изолирана појава на пороен дожд и грмежи. В недела ќе биде нестабилно на повеќе места.

Минималната температура ќе се движи од три до 11 степени, а максималната од 14 до 25 степени.