Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека следува период на променливо облачно и нестабилно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи.
Утре понестабилно ќе биде во западните и крајните источни делови, особено во попладневните часови, а најмалку врнежи ќе има долж Повардарието каде ќе дува умерен до засилен сверозападен ветер.
– Дневната температура и во наредните денови ќе биде малку под просекот за овој период од годината, информира УХМР.
Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало во Лазарополе и Дебар (37 литри на квадратен метар), во Прилеп 12, Гевгелија 10, Крушево и Маврово осум, седум литри во Претор, шест во Тополчани, четири литри во Крива Паланка, Охрид и Пожаране, три во Битола, два литра во Тетово и еден литар на квадратен метар во Дојран.