![dozd cador](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/dozd-cador.jpg?resize=640%2C428&ssl=1)
Следува период на посвежо време со локален слаб дожд, а на планините ќе провејува слаб снег. Утре ќе дува умерен со засилен ветер од северен правец.
Утринските температури за време на викендот ќе се движат од -3 до 6 степени, а дневните од 6 до 14 степени.
Променливото време ќе се задржи до среда од кога се очекува намалување на облачноста и пораст на дневните температури.