Следуваат температури над 20 степени

Иако календарски се очекува кон крајот на месецот, метеоролошки пролетта ќе дојде веќе кон средината на идната недела седмица со остар раст на температурите, прдупредуваат синоптичарите.

По врнежливиот крај на оваа работна седмица, слични временски прилики се најавуваат и во текот на викендот. За разлика од четвртокот, температури во минус веќе нема да има.

Во сабота минимални 2 степени наутро и околу 12 степени во текот на денот. Идентично време се најавува од недела.

Дождот ќе се задржи и на почетокот на идната работна седмица, но само во понеделник, кога минималната температура нема да се спушти под 6 степени. Разведрување доаѓа од вторник заедно со раст на температурите кои во некои делови од Македонија ќе надминат и 15 степени.

Во среда се чека вистинска пролет. Времето ќе биде облачно со услови за слаб дожд, но и сончеви периоди, а максималните температури во некои делови од Македонија ќе надминат и 20 Целзиусови степени.

Слично ќе биде времето до крајот на наредната недела се до крајот на викендот кога пак се најавуваат услови за дожд.