Градоначалникот на Неготино Ванчо Апостолов нагласи дека е задоволен што шеесетина граѓани на Неготино ќе имаат каде да се среќаваат, да разменуваат мислења и заеднички да дејствуваат во рамки на своето здружение.
– Ние и досега имавме континуирано одлична соработка, а така ќе продолжиме и во иднина. Ќе сториме се што е во рамки на нашите надлежности за да го подобриме животот на слепите лица, рече Апостолов.
Претседателот на Сојузот на здруженија на слепи лица на Македонија Жарко Салковски истакна дека се решава едно важно прашање за слепите лица од Неготино.
– Националниот Сојуз на слепи лица од Македонија, кој постои 70 години, активно работи на правата и бенефициите на околу 2.500 лица од државата. Неготино е една од општините со кои имаме најмногу разбирање и соработка, нагласи Салковски.