Слика на Хантер Бајден проценета на 225.000 долари

Во Њујорк деновиве беше отворена изложба на слики на синот на американскиот претседател Џо Бајден – Хантер, чиешто најскапи дело се проценува на 225.000 долари и за него интерес веќе пријавиле двајца купувачи, пишува весникот The New York Post.

Претставник на галеријата одбил да даде поединости за потенцијалните купувачи на безимената жолто-сенф слика со цветни мотиви со димензии од 57х98 инчи (приближно 175х249 сантиметри), насликана на познатата јапонска хартија Yupo.

Според сознанијата на весникот, станува збор за најскапото дело од новата поставка на Бајден во Сохо. Се додава дека по отворањето на изложбата во петокот под насловот „Хаику“ во њујоршката галерија „ Georges Berges“ веќе биле продадени две дела на синот на американскиот претседател. Сопственикот на галеријата и познат трговец со уметнички дела Жорж Бержес, изјавил дека оваа изложба на Бајден помладиот е отворена за јавноста за разлика на минатогодишниот дебитантски настап на Хантер, кој можел да се посети само со лична покана.

Бержес додал дека во подрумот на галеријата има неколку слики коишто Бајден го завршил пред повеќе од 20 години, и оценил дека тоа е доказ дека синот на претседателот на САД поголемиот дел од животот работел на тоа да биде уметник.

Во јули 2021 година медиумите објавија дека Хантер Бајден има намера да и продаде своите слики во галериите „Georges Berges“ во Њујорк и во Лос Анџелес. Како што пишуваше тогаш Politico, почетната цена на делата била поставена на 500.000 долари, и оцени дека станува збор за „незамислива сума“ за уметник во обид.

Тогаш се појавија сомневањата дека таквата иницијатива на Хантер е поради тоа што постојат луѓе коишто би биле подготвени да ги натплатат сликите на Бајден помладиот за да ја добијат наклоноста од претседателот на САД. Слични обвинувања веќе беа изнесени во текот на претседателската кампања на Џо Бајден во 2020 година.

Во октомври 2020-та, имено, непосредно пред претседателските избори, весникот The New York Post објави серија материјали кои се засноваа на преписката наводно пронајдена на лаптопот на Хантер Бајден оставен во сервис за поправка во сојузната држава Делавер. Сопственикот на сервисот направил копија од хард-дискот и му го предал на Руди Џулијани, поранешен градоначалник на Њујорк и тогаш личен адвокат на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Медиумите тогаш објавија дека лаптопот бил запленет наводно од Федералното биро за истраги (FBI). Весникот Daily Mail објави дека фотографиите најдени во лаптопот би можеле да укажуваат на вмешаноста на Бајден помладиот во криминалните активности во трговијата со дроги и проституцијата. Имено, од порано беше познато дека Хантер имал проблеми со зависности и оти бил гледан во друштво на лица кои се обвинети за подведување и малолетничка проституција.

Членот на Комитетот за надзор во Претставничкиот дом, републиканецот Џејмс Комер годинава во ноември вери истрага против претседателот демократ Џо Бајден за тоа дали членови од неговото семејство биле вклучени во меѓународни деловни шеми и дали со тоа претседателот претставува ризик з анационалната безбедност.

Кромер тврди дека Хантер Бајден влегол во деловни врски ширум светот и заработил милиони едноставно овозможувајќи контакт со високи позиционираните влијателни членови на неговото семејство. Републиканецот, меѓу другото, истакнува дека синот на претседателот би можел да е вмешан во трговија со луѓе, а дека доказите за тоа наводно се содржат во споменатиот лаптоп.