Слика на препознатливиот мотив на холандскиот слика Пит Мондријан од 1930 година под наслов „Composition No. II“ е продадена на наддавање на Sotheby’s во Њујорк за рекордни 51 милион долари.
Најмногу за сликата понудил колекционер на уметнички дела од Азија, објави аукциската куќа, истакнувајќи дека тоа е најголемата сума досега на наддавање понудена за некое дело на Мондријан.
Есенската сезона на аукции во Њујорк продолжува до крајот на седмицата и би можело да има уште рекордни трансакции, додаваат од Sotheby’s,
Другата голема аукциска куќа Christie’s минатата седмица продаде голема колекција на уметнички предмети на Пол Ален, основачот на „Microsoft“ кој почина во 2018 година, за сума од околу 1,6 милијарди долари.