Сликата на Пабло Пикасо „Биста на жена“ (Buste de femme), насликана две години пред неговата смрт во 1971 година, продадена е во понеделникот на аукција во германски Келн за 3,4 милиони евра.
Понудите биле над очекувањата, изјави портпаролката на аукциската куќа Van Ham. Највисоката понуда преку телефон ја дал понудувач од Швајцарија.
Ова е првпат по најмалку 25 години голема слика на славниот шпански уметник да биде понудена на наддавање во Германија, објави аукциската куќа Van Ham.
Историчарите на уметноста во оваа слика ја препознаваат втората сопруга на уметникот Жаклин Рок (1927-1986), од чиј посед изворно потекнувала.
На аукцијата е понудена од германска приватна збирка чијашто вкупна вредност е проценета на 10 милиони евра. Во неа се вклучени и дела на Луис Буржоа, Пол Кле, Сигмар Полке, Егон Шиле и Курт Швитерс.
Пикасо направил вкупно 400 портрети на Рок, која беше 46 години помлада од него. Некогашната продавачка на керамика подоцна им забрани на неговите деца да присуствуваат на погребот на уметникот пред 50 години.