Слики на голи луѓе во Вселената за „привлекување на вонземјаните“

Научниците на американската агенција за вселенски истражувања NASA планираат во космосот да лансираат слики на голи луѓе во надеж дека така ќе го привлечат вниманието на вознемјаните, пишуваат американските и британските медиуми.

Покрај приказот на голите луѓе ќе биде и повикот до интелигентните вознемски суштества да се одговорат доколку ги пронајдат „вселенските актови“.

Другите цивилизации, сепак, не би требало да бидат премногу шокирани од овие актови, имајќи предвид дека тоа нема да бидат фотографии на голи луѓе, туку цртежи на гол маж и на гола жена коишто отпоздравуваат со раката покрај приказот на стуктурата на човековата ДНК.

Научниците на NASA ја откриле сликата во студијата којашто е дел од проектот под називот „Beacon in the Galaxy” (BITG). Главна цел на овој проект е да им се испрати порака на сите вонземски цивилизации кои би можело да ги има во вселенското пространство.

Покрај голите луѓе и ДНК-та, научниците се обидел да ја прикажат и гравитацијата и очекуваат дека вонземјаните ќе ги разберат сите бинарни пораки, бидејќи сметаат дека бинарниот приказ веројатно е универзален.

Во студијата научниците појаснуваат дека иако концептот на математиката во човечката смисла е потенцијално непрепознатлив за вонземската интелигенција, бинарноста е веројатно универзална за сета интелигенција.

„Бинарната форма е наједноставната форма на математиката, бидејќи вклучува само две спротиставени состојби: нула и еден, да или не, црно или бело, маса или празен простор“, се наведува во објавата.