Слободата на Архиепископот Јован услов на СПЦ за дијалог со МПЦ

Белградскиот весник „Вечерње Новости“, објави текст којшто се осврнува на случувањата поврзани со црковниот живот во Р. Македонија. Содржината предизвика интерес и беше пренесена во повеќе балкански медиуми. Во текстот се вели дека после 12 години, во Скопје постои желба повторно да се разговара, а тоа го потврдил токму како што пишуваат српските медиуми неканонскиот поглавар Стефан.

Имено, во текстот се посочува дека неканонскиот поглавар Стефан ќе испрател писмо до Цариград, Москва и Белград за продолжување на разговорите за враќање на МПЦ во Православието, бидејќи црквата на г. Стефан ја нема во диптихот на црквите, та следствено, таа црква не ја сметаат за православна!

Во текстот уште е предочено дека српската страна никогаш не ја повлекла пружената рака за разговор, но условот е добро познат – Прекин на прогонот и слобода за архиепископот Јован.

Во СПЦ потсетуваат дека во Р. Македонија канонски дејствува Охридската Архиепископија, која има автономија и која е единствената призната православна Црква во Р. Македонија, но која за власта во Скопје е предмет на постојан прогон!