
Словачка го разгледува прашањето на Украина да ѝ ги даде своите борбени авиони „МиГ-29“, доколку се изнајде алтернатива за заштита на нејзиниот воздушен простор, изјави во понеделникот премиерот Едуард Хегер.
Украина од западните земји бара тешко вооружување, тенкови, противвоздушни системи и авиони, што за некои воени коментатори укажува дека нејзиното вооружување е во голема мера неупотребливо по почетокот на руската офанзива на 24-ти февруари.
Западот, во прв ред САД, тоа го прават уште од пред почетокот на војната и ги стимулира своите источни сојузници во НАТО да ѝ ги предадат своите оружја од советската ера. Меѓутоа, претходните разговори со Словачка за авионите „МиГ-29“, какви што користат и Полска и Бугарија, се запрени бидејќи планот беше сметан за премногу ризичен поради тензии меѓу Русија и НАТО.
Словачка, како членка на НАТО и сосетка на Украина, поседува 12 авиони од спомнатиот советски модел.
Братислава на Киев веќе му го отстапи својот ракетни противвоздушен систем „С-300“, за кој Русија објави во понеделникот е уништен но словачкиот премиер Хегер негираше дека е уништен токму тој систем.
„Откако Руската Федерација почна така да се однесува, советското вооружување станува многу ризично. Оттаму вашењето прашање е на место и се разгледува“, одговори Хегер на прашање на новинарите а можноста да бидат дадени авионите на Украина и барањето од западните земји да го штитат нејзиниот воздушен простор.
„Постсоветската опрема не е одржлива без руско снабдување, а во овој момент ниту ја сакаме“, рече словачкиот премиер.
Словачка во 2024 година ја очекува првата испорака на нарачаните американски авиони „F-16“. Според договорот со САД уште од 2018 година, Братислава очекува 18 вакви борбени авиони.