Словачка е против придружување на Украина во НАТО, порача Фицо

Словачка го отфрла приемот на Украина во НАТО и е подготвена да стави вето на таквата одлука доколку е потребно, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо во саботата за јавното радио RTSV.

Фицо додаде дека во среда ќе отпатува во Украина за да се сретне со својот колега по должност Денис Шмихал во пограничкот град Ужгород.

И додека една од причините за посетата е претставување на натамошниот пакет помош за Украина, Фицо рече дека истовремено сака да даде до знaење дека словачката позиција се разликува од украинските желби. Рече дека ЕУ секој месец во Украина испраќа 1,5 милијарда евра и отворено запраша колку е тоа одржливо.

„Ќе му кажам дека ќе го блокираме и ќе ставме вето на украинскиот прием во НАТО, бидејќи тоа не би било ништо друго освен основа за трета светска војна“, рече Фицо.

Словачка, којашто е членка на НАТО од 2004 година, беше една од најголемите воени помагатели на Украина во војната против Русија од февраури 2022 година, предавајќи ѝ го речиси целото оружје што го поседуваше од советската ера. Меѓутоа, откако левичарската суверенистичка влада предводена од Фицо се врати на власт во октомври минатата година, Братислава порача дека повеќе нема да ѝ испорачува оружје на Украина, но ќе продолжи да испраќа системи за разминирање на теренот и дизел генератори доколку од руските напади биде значително оштетена цивилната енергетска мрежа.

Фицо, исто така, истакна дека словачките електрани не се заштитени со противвоздушни системи.

„Го испративме тоа што го имавме во Украина“, рече словачкиот премиер и додаде дека словачкиот систем „С-300“, што политичарите на поранешната влада го нарекоа отпад, украинските медиуми го пишуваат како ефикасна одбрана на воздушниот простор.

Фицо во саботата потврди дека Словачка го поддржува влезот на Украина во Европската унија, под услов соседната земја да ги исполни истите услови како и другите земји кандидатки.

„Ќе му кажам дека има работи за кои имаме сосема поинакво мислење, ќе му кажам дека кога станува збор за влез во ЕУ ги почитуваме, но тие мора да ги исполнат условите, а не земја која апсолутно не ги исполнуваат сите услови да влезе во ЕУ“, посочи Фицо.

Премиерот, кого поради неговите суверенистички ставови и изјавите дека земјата нема повеќе ресурси безрезервно да ја помага Украина неговите критичари го нарекуваат „проруски“, уште еднаш истакна дека Словачка повеќе нема да испраќа оружје од своите резерви во соседната земја, но дека и натаму ќе им дозволува на словачките компании од одбранбениот сектор да ѝ продаваат оружје.

Фицо рече и дека на маса за проверка е и одбранбениот договор со САД. „Го споредивме договорот, на пример, со оној што го склучи Чешка. Нашиот е без апсолутна трошка суверенитет“, рече Фицо и посочи дека според овој договор, на пример, на сојузничките авиони им се дава овластување да слетуваат и полетуваат само со најнеопходните технички дозволи.

Нема да има заедничка конференција за медиумите по средбата со Шмихал, бидејќи украинската страна го одбила тоа, рече Фицо.