Словачка: Фицо ќе формира коалиција со крајната десница и левицата

Претседателот на социлјадемократите од партијата SMER-SSD, Роберт Фици, кои победија на неодамнешните парламентарни избори во Словачка, изјави во средата дека е постигнат договор со крајно десната партија SNS и левата партија HLAS-SD за формирање на идната владина коалиција.

„Се договоривме за заедничкото формирање на владата. Тоа е базата на коалицискиот договор кој сакаме да го постигнеме во најкус можен рок“, изјави Фицо.

Неговата партија SMER-SSD освои 23 отсто од гласовите на изборите на 30-ти септември. Следат либералната Прогресивна Словачка (PS) со 18 отсто, а трета е партијата HLAS-SD на поранешниот премиер Петер Пелегрини.

Кампањата на SMER-SSD ја фокусираше својата кампања на тоа дека ќе ја прекине големата воена помош за Украина, со свртување на вниманието дека словачките граѓани живеат сѐ полошо. Фокусот на кампањата на Фицо беше и противењето на нелегалната миграција, критизирањето на преодната влада затоа што не сторила повеќе и затоа што не ги суспендирала на одреден период шенгенските правила за „отворени граници“.

Според политичките аналитичари, новата влада би можела радикално да ја сврти словачката надворешна политика и да се сверти од Украина на што инсистираат западните партнери на Братислава.

Ден по изборите, Фицо порача дека Словачка и нејзините граѓани имаат „поважни проблеми“ од помошта на Украина.

„Мислам дека Украина е голема трагедија за сите. Доколку SMER биде задолжен за формирање на владата… ќе сториме сѐ што можеме за да организираме мировни преговори колку поскоро е можно. Понатамошното убивање никому не му користи“, рече тогаш Фицо.

Земја членка на ЕУ и НАТО со население од околу 5,5 милиони, Словачка веќе им испорача на украинските сили со оклопни борбеми транспортери, хаубици и целата своја флота модернизирани борбени авиони „МиГ-29“ од советската ера.