
Словачките пратеници со тесно мнозинство го одобрија во средата договорот за одбрана со САД, со што Словачка стана последната земја членка на НАТО на неговата источна граница којашто склучи таков пакт со Вашингтон, и покрај силното противење во парламетот и дел од јавноста поттикнато од кризата околу Украина.
Договорот им овозможува на американските војски да користат две воздухопловни бази во Словачка, којашто има мала планинска граница со Украина.
Откако САД и Велика Британија, во прв ред, ја обвинија Русија дека наводно подготвува инвазија врз Украина, што Москва го отфрла, некои членки на НАТО на самата граница со Русија бараа и ја поддржаа одлуката на американскиот претседател Џо Бајден дополнително да ги зголеми американските американските контингенти во регионот.
Меѓутоа, таквата поддршка изостана во Словачка. Истражувањето на јавното мнение во јануари покажа дека 44,1 отсто од Словаците веруваат дека САД и НАТО се одговорни за тензиите меѓу Русија и Украина, додека 34,7 тосто за тоа ја обвинуваат Москва.
Словачката влада објави дека договорот за соработката со САД во одбраната е во согласност со договорите кои ги потпишале уште 23 партнери во НАТО, меѓу кои се и сите на источното крило на Алијансата во близина или на самите граници со Русија.
„Договорот за нас е можност да ја модернизираме, заедно со САД, нашата одбранбена инфраструктура. Нашите сојузници го гарантираат нашиот суверенитет. Пактовите се токму тоа“, рече пред гласањето словачкиот министер за одбрана Јарослав Над.
Договорот го поддржаа 79 пратеници , од потребните 76 во парламентот со 150 мандати. Претседателката Зузана Чапутова подоцна го ратификуваше договорот.
Во текот на жолчната дискусија во словачкиот парламент, провладините пратеници во еден момент развиорија украинско знаме пред словачкото. Опозициски пратеник го симна, а на пратеникот го држеше му ја симна и заштитната маска за да може да го видат граѓаните.
Пактот ѝ дозволува на американската војска да ги користи објектите на двата словачки аеродрома Слиак и Малацки во следните десет година заедно со инфраструктурата за складирање, што укажува на намерите на САД во иднина да го јакнат своето воено присуство во регионот близи границите на Русија. Разместувањето на американски војници и натаму ќе мора да го одобрува словачкиот парламент. Словачката армја ќе добие од Вашингтон и 100 милиони долари за модернизација.
Лидерот на опозицијата, поранешниот премиер Робет Фицо во два мандата – од 2006 до 2010 и од 2012 до 2018 година, чиишто социјалдемократи беа во владата кога за договорот по иницијатива на САД започна да се преговара, го опиша договорот како „предавнички, валкан, лош“ и рече дека тие кои го поддржуваат сакаат Словачка да биде „покраина на Соединетите држави“.