Словачкиот премиер Роберт Фицо најави доцна ноќта во петокот претстојно протерување на странски инструктори кои работат на дестабилизација на ситуацијата во земјата.
„Ги потсетувам сите луѓе во Словачка, кои имаат таква желба, нека протестираат, нека викаат колку сакаат, но ве молам не дозволувајте да бидете убедени да правите злодела што овде ги организира опозицијата, невладините организации кои се финансираат од странство, а повеќето словачки медиуми и добро платени инструктори кои се во Словачка и чие протерување го подготвуваме во наредните денови“, изјави Фицо за новинарите.
Во петокот во повеќе од 20 градови во Словачка се одржаа антивладини собири под слоганот „Словачка е Европа“. Нивните главни организатори беа проукраинска јавна организација. Во Братислава, според локалните медиуми, кои се повикуваат на организаторите, на улиците излегле 35-40 илјади луѓе.
Организаторите, пак, процениле дека 60.000 луѓе учествувале на протестите на Плоштадот на слободата во Братислава, „околу четири пати“ повеќе отколку на последните протести пред две седмици. Западните медиуми известија за масовните протести во петокот, на кои биле истакнати транспарентни „против приближувањето кон Русија“ на владата на Фицо.
Премиерот на Словачка нагласи дека активистите на оваа организација се поврзани со странски инструктори за безредија и соборувања влади кои биле вклучени во настаните во Грузија минатата година и на насилните протести со жртви во Киев кога беше извршен преватот во март 2014 година. Тој истакна дека за време на протестите, демонстрантите може да се обидат да влезат во владините згради или да ги окупираат со цел да се мешаат во работата на државните органи со цел да се собори сегашната власт.
Опозициските политички партии и граѓанските групи кои ги организираат протестите ги отфрлија обвинувањата. Активистите, пак, изјавија дека немаат такви планови, инсистирајќи дека сакаат само мирно да го изразат своето несогласување со политиката на владата на Фицо.