Словачка престана да ѝ испорачува оружје на Украина

Новиот словачки премиер Роберт Фицо соопшти во четвртокот дека неговата земја го прекинува испраќањето оружје на Украина и во иднина ќе ја ограничува помошта на соседната земја на „хуманитарна и на цивилна“, што е прва таква одлука на земјите од Европската унија.

„Ние ја сметаме помош на Украина само како хуманитарна и цивилна помош, нема повеќе да ѝ испраќаме оржје на Украина“, рече Фицо ден откако беше именуван за претседател на коалициската влада во која што е и крајно десната партија којашто се залага за потесна соработка со Русија.

Украинското министерство за надворешни работи не сакало да ја коментира на барање на AFP веста од Братислава.

Ваквата одлука ги поттикнува стравувањата од можно нарушување на единсството во политиката на Западот кон Украина.

Словачка, која има 5,4 милиони жители, досеега ѝ пружаше силна поддршка на Украина во чии рамми и ги испрати своите модернизирани борбени авиони „МиГ-29“ од советско производствот, преносните противвоздупни системи „земја-воздух“ MANPADS, противвоздушниот ракетен систем С-300, и го ремонтираше оружјето користено од украинската војска.

Институтот Киел проценува дека вкупната вредноста на словачката, речиси целосно воена помош за Украина до денот 31. јули 2023 година изнесувала 680 милиони евра. Словачка, така, е една од земјите коишто најмногу воено го помагале Киев имајќи го предвид нејзиниот бруто домашен производ (БДП) од 0,65 отсто, по Норвешка, балтичките земји, Данска и Полска.

Словачка на почетокот од октомври одлучи да ги одложи одлуките за испораки на нова воена поддршка за Украина во очекување на формирањето на новата влада по изборниот успех на партиите кои се противат на помош за соседната земја.

Фицо во текот на изборната кампања навестувајќи го запирањето на воената помош на Украина порача дека „Словачка и народот на Словачка имаат поголеми проблеми од Украина“ и веќе тогаш рече дека ставот на неговата партија за помагање на Киев доколку формира влада, сепак, ќе биде подготвеност да помогне, но само на хуманитарен начин. „Подготвени сме да помогнеме во обновата на државата, но вие го знаете нашето мислење за вооружувањето на Украина“, рече тој.

Фицо, кој е поранешен премиер, го опиша руско0украинскиот конфликт како „голема трагедија“, додавајќи дека продолжувањето на ќор-сокакот само ќе ги влоши работите. „Ќе направиме сѐ што можеме за да започнат мировни преговори што е можно побрзо. Натамошното убивање никому не му користи“, рече на почетокот од месецов Фицо.