Словачка привремено го прекина увозот на житарки од Украина

Словачка привремено ќе го прекине увозот на житарки и други прехранбени производи од Украина, изјави владиниот портпарол во понеделникот, откако Полска и Унгарија веќе го сторија тоа.

Откако руската инвазија блокираше некои црноморски пристаништа, големи количества украински житарки, кои се поевтини од оние произведени во Европската унија, наместо во сиромашните и во земјите во развој завршиле во централноевропските и другите соседни на Украина земји поради логистички недостатоци, создавајќи влијание врз цените и пласманите на локалните земјоделци.

Откако некои од украинските црноморски пристаништа беа блокирани како резултат на руската инвазија врз Украина, огромни количини украинско жито заврши во земјите од Централна Европа, од каде требаше да биде транспортирано до земјите во развој. Но, откако ЕУ ја укина царината за украинското жито, истото се најде на пазарите на земјите-членки на Унијата. Украинското жито е поевтино од она што се произведува во ЕУ што негативно влијае врз цените и продажбата на локалните земјоделски производи. Изминатите месеци поради тоа со блокади на патиштата протестираа и земјоделците и нивните коопранти во Бугарија и во Романија.

Украина извезува најголем дел од своите земјоделски производи, особено жито, преку нејзините пристаништа на Црното Море, кои беа деблокирани во јули минатата година со договор меѓу Украина, Русија, Турција и Обединетите нации.

Владината канцеларија објави дека ќе се состане меѓуресорска работна група за ова прашање, објави словачката новинска агенција ТАSR.

Братислава го следеше примерот на Варшава и Будимпешта, кои забранија увоз на украински житарки во текот на изминатиот викенд. Европската комисија објави дека овие еднострани трговски мерки се „неприфатливи“.

Словачките земјоделци не можат да се натпреваруваат со увозот на евтино украинско жито и се принудени да се борат за да преживеат. Министерството за земјоделство предупреди дека ги исцрпило сите законски можности за регулирање на увозот од Украина, притоа одржувајќи ги солидарните коридори.

По откривањето на контаминирана пченица увезена од Украина минатата седмица, државните власти забранија преработка и пуштање на украинското жито и ги засилија граничните проверки и сродните мерки.

Претставниците на земјите-членки на Европската унија во Брисел ќе разговараат за потегот на Полска и Унгарија подоцна оваа седмица да го забранат увозот на жито и друга храна од Украина, изјави во понеделникот висок претставник на ЕУ. Функционерот кој сакал да остане анинимен изјавил за Reuters дека ниските глобални цени и побарувачката предизвикуваат житото да остане во Унијата наместо да се продава.

Прекумерното снабдување стана политички проблем за полската владејачка партија Право и спрведливост (PiS) во изборна година. Унгарија, од друга страна, би можела да ја продолжи забраната за увоз на украински жиtaрки и по 30-ти јуни, доколку ЕУ не преземе доволно чекори за заштита на унгарските земјоделци, изјави во понеделникот државниот секретар на унгарското Министерство за земјоделство, Шандор Фаркаш.

„Очекуваме дека Полска и Унгарија ќе понудат некое објаснување и ќе следи реакцијата на Европската комисија. Има проблем и очекуваме Комисијата да излезе со предлог во врска со тоа. Ќе видиме што можеме да направиме во наредните недели и месеци“, рекол европскиот функционер.

Киев ќе се обиде да обезбеди повторно отворање на транзитот на храна и жито низ Полска како „прв чекор“ на разговорите во Варшава, изјави украинскиот министер за земјоделство Микола Солски. Дополнителни преговори ќе се водат оваа недела, со Романија во среда и со Словачка во четврток.