
Словачката влада објави во неделата вечерта дека земјата воведува вонредна состојба поради епидемијата од коронвируот, како и дека од понеделникот од 6 наутро ќе бидат затворени сите диќани, освен оние кои продаваат храна, аптеките, банките и бензиснките црпки.
Словачкиот премиер Петер Пелегрини изјави дека кризниот штаб ќе се сретне во понеделник за да ги разгледа натамошните мерки, вклучително и чекори кои би го олесниле влијанието на кризата врз економијата на земјата.
Пелегрини рече дека е „многу веројатно“ германскиот автомоблиски гигант „Volkswagen“ ќе го запре производството во погоните близу Братислава во понеделник или во следните неколку дена.
Словачка потврди 61 случај на заразата со коронавирусот, 17 повеќе отколку во саботата. Во земјата нема ниеден смртен случај.