Словачкиот парламент изгласа недоверба на владата во четвртокот и покрај нејзините настојувања да добие поддршка, што ја зголемува политичката нестабилност во земјата којашто се соочува со остриот скок на енергенсите што предизвика масовни демонстрации а властите се обидуваат да му помогнат на потклекнатото стопанство.
Иницијативата ја поддржаа 78 а против беа 20 пратеници од 102-ата присутни на гласањето по словачкиот Национален совет (парламентот) кој има 150 мандати. Резултатот од гласањето во четвртокот вечерта не значи дека веднаш ќе биде сменета власта, но тој создава услови за можно распишување предвремени парламентарни избори.
Одржувањето на изборите пред одредениот датум во 2024 година, за кој би била потребна широка поддршка во парламентот, би можело да влијае врз словачката поддршка на соседна Украина, особено поради тоа што мнозинството на масовните протести уште оваа зима се изјаснуваа против санкциите против Русија поради нејзината инвазија врз соседната земја. Покрај тоа, на власт би можела да дојде лево ориентираната опозиција, којашто во моментов води во анкетите а силно ја критикува одликата за воена помош на Киев, посебно што Словачка останува без своите резерви вооружување.
Премиерот Едуард Хегер од конзервативната партија OLANO (Obycejni lide a nezavisle osobnosti – Обични луѓе и независни личности) според законите би требало да ја поднесе оставката до шефот на државата, во случајов претседателката Зузана Чапутова, која ќе ја задолжи владата да продолжи да ги извршува должностите со ограничени овластувања до именувањето на новата влада.
Во медиумите се известува дека малку е веројатно дека ќе биде формирана нова влада без нови избори, а како можен датум за нивно одржување се наведува септември 2023 година.
Владејачката коалиција на Хегер власта ја презема во 2020 година, но го загуби мнозинството во парламентот во септември кога либертаријанската партија SaS излезе од партискиот сојуз. SaS ѝ се приклучи на левичарската опозициска партија во изгласувањето недоверба и ја обвини актуелната влада дека не му помага на населението во настојувањата да се справи со високите трошоци за енергенсите.
Политичкиот судир до кој дојде по излегувањето на SaS од владата оневозможи поддршка за буџетскиот план за 2023 година на владата на Хегер, кој вклучува и трошоци за компензација на цените на енергенсите.
Челникот на владејачката партија OLANO, Игор Матович претходно во четвртокот ја понуди својата оставка на позицијата министер за финансии, доколку SaS го повлече предлогот за гласање недоверба на владата и доколку ги поддржи буџетските планови. Но од SaS го отфрлија договорот, оценувајќи дека падот на владата на Хегер е неминовен.
„Половина година сме сведоци на постојан хаос и неприфатливиот начин на управување со водата, и оттаму оваа влада не ја заслужува нашата доверба“, изјави претседателот на SaS, Рихард Сулик,