
Зградата на словачкиот Парламент денеска беше затворена поради закана дека наводно е поставена бомба во неа, јавија словачките медиуми.
Никој не смее да влегува или да излегува од собраниската зграда.
Портпаролката на парламентот, Михаела Јурцова, за ТАСР потврди дека постои безбедносен ризик и дека полицијата во моментов проверува делови од зградата отворени за јавноста.