Словачкиот премиер би му се придружил на Орбан во посетата на Москва

Словачкиот премиер Роберт Фицо, кој преживеа обид за атентат, изјави дека би му се придружил на својот унгарски колега Виктор Орбан на неговото патување во Русија, доколку здравјето му дозволувало, пренесе АФП.

Фицо ѝ се обрати на нацијата за првпат по нападот на 15 мај, кога се појави на церемонијата по повод државниот празник во Словачка, Денот на Свети Кирил и Методиј.

Орбан отпатува за Москва на разговори со рускиот лидер Владимир Путин на 5 јули. Посетата дојде три дена по патувањето на унгарскиот премиер во Киев.

Во средината на мај во западниот словачки град Хандлова се случи вооружен напад врз Фицо. Политичарот се здобил со прострелни рани и морал да оди на операција. Напаѓачот Јурај Цинтула (71) е обвинет за политички мотивиран обид за атентат.