- Словачкиот премиер Роберт Фицо е повреден во пукање по состанокот на владата, објави во средата новинската агенција TASR.
- TASR го цитира потпретседателот на парламентот, Лубос Блаха, кој рекол дека Фицо бил погоден и повреден.
Сведок на Reuters рече дека слушнал неколку истрели и видел еден маж како е приведен од полицијата. Сведок на агенцијата рече дека видел како безбедносни службеници туркаат некого во автомобил и се оддалечија.
„По состанокот на владата во градот Хандлов, премиерот Роберт Фицо е застрелан“, пишува порталот teraz.sk.
Според ТВ каналот ЈОЈ, непознато лице почнало да пука од толпата во моментот кога Фицо излегол да ги поздрави жителите на Гандлова. Според очевидци, се слушнале три или четири истрели.
Словачкиот премиер Роберт Фицо е повреден при пукање по состанок на владата, објави локалното издание Pravda. „Роберт Фицо беше ранет по повлекување на владата Напаѓачот пукал неколку пати, тој беше приведен од полицијата“, се вели во веста.
Според извештаите на медиумите, повикувајќи се на сведоци, до инцидентот дошло кога Фицо се појавил во јавноста, а по истрелите паднал на земја. Бил ранет во стомачната празнина и во градниот кош. Тој со хеликоптер е пренесен во болница во Братислава. Според информациите, неговата состојба е сериозна.
Словачкиот премиер Роберт Фицо е повреден во средата во пукање по владина седница одржана во Хандлова, град во централна Словачка во регионот Тренчин, потврди потпретседателот на парламентот Љубош Блаха од неговата партија Смер-С.Д., кој ја прекинал седницата на парчаментот.
Словачката служба за итни случаи соопшти дека бил ангажиран хеликоптер за транспорт на повредениот Фицо и дека операцијата е во тек.
Словачката претседателка во заминување Зузана Чапутова остро го осуди нападот врз премиерот Фицо, изјави во средата нејзиниот портпарол Мартин Стрижинец. Чапутова го опиша нападот како брутален и безмилосен. „Шокирана сум. Му посакувам на Роберт Фиц сила да се опорави од нападот во овој критичен момент“, рече таа.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, остро го осуди „гнасниот напад врз премиерот Фицо“.
Претходно словачкиот премиер, кого Западот го обвинува за приближување кон Русија и порача дека Словачка нема повеќе сили да ја помага воено Украина, призна дека Западот може да ја казни Братислава за изборот на Петер Пелегрини за претседател на републиката.