Словачка во вторникот ги презема претседавањето со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во штотуку започнатата 2019 година, откако, а претходно оваа должност ја извршуваше Италија.
Словачкиот министер за надворешни работи, Мирослав Лајчак, неодамна судирот во соседната Украина го оцени како приоритет на претседавањето на неговата земја со ОБСЕ. Другите цели вклучуваат превенирање на судирите, јакнење на меѓунардоните институци и „сигурна иднина“.
Лајчак конкретните словачки планови за претседавањето ќе ги презентира на 10-ти јануари во австриската престолнина Виена, каде што е седиштето на организацијата.
Шефот на словачката дипломатија се смета за искусен во дипломатијата, од септември 2017 до септември 2018 година беше претседател на Генералното собрание на Обединетите нации. Во ноември објави дека поднесува оставка, откако владата во Братислава го отфлри пактот на ОН за миграциите во чиишто преговори учествуваше, но овој 55-годишник потоа ја повлече заканата и остана на функцијата.
Во ОБСЕ членуваат 57 претставници на земји од Европа, централна Азија и Северна Америка, а псоледните години организацијата вложува големи напори во реѓавањето на кризите во источна Европа, вклучително и судирот во Украина кој влегува во својата петта година.