Словачкиот Парламент денеска не му изгласа недоверба на премиерот Роберт Фицо.
Гласањето недоверба беше побарано од опозицијата поради високите цени на енергијата.
По жестоките дискусии 60 пратеници гласаа денеска „за“ недоверба на Фицо, додека 70 беа „против“.
Резултатите од гласањето беа очекувани, бидејќи коалициската Влада на чело со левата партија на Фицо „Смер-социјалдемократија“, имаат мнозинство.
Премиерот беше подложен на критики поради новите правила за пресметување на цените на енергијата, воведени од државниот регулаторен орган, кои доведоа до повисоки цени на електричната енергија и природниот гас за потрошувачите оваа година.
Новите правила веќе беа укинати, а директорот на регулаторниот орган поднесе оставка.