Словенците кажаа „НЕ“ за истополовите бракови

Словенците го отфрлија законот за истополовите бракови на вчерашното референдумско изјаснување, покажуваат прелиминарните резултати.

Според податоците на изборната комисија околу 63 отсто од избирачите гласале против законот со кој се дава право на истополови двојки да склучуваат брак и да посвојуваат деца, а 37 отсто го поддржале.

Резултатите уште не се конечни по пребројување на 96 отсто од гласовите, но не е за очекување дека ќе се промени нешто за крајниот резултат.