Словенечка делегација од областа на образовниот процес денеска го посети Прилеп. Повод на посетата беше имплентацијата на проектот „Твининг“ и воспоставување на меморандумот за соработка со средните општински училишта.
На средбата присутните гости ги изразија позитивните искуства од начинот на ваквата образовна рамена нагласувајќи ја можноста за поделотворни решенија кои ќе бидат од заеднички интерес . Овој проект се спроведува во повеќето земји од регионот и освен теоретското искуство го вклучува и практичниот начина на размена на искуства со што се воспоставуваат професионално-деловни релации кои ќе овозможат поголеми резултати како во овразовниот процес така и во подоцнежниот развоен период.